ВО РЕКА ВО АФРИКА ОТКРИЕНА НАЈСТАРАТА ДРВЕНА СТРУКТУРА НА СВЕТОТ, НАПРАВЕНА ПРЕД ПОЛА МИЛИОН ГОДИНИ

Замбија, (Ројтерс)

Истражувачите открија остатоци од она што велат дека е најстарата дрвена структура на светот – низа трупци на брегот на река на границата на Замбија и Танзанија, која му претходи на подемот на современите луѓе. Едноставната структура, направена со обликување на два трупци со остар камен алат, би можела да биде дел од патека или платформа за човечките предци кои живееле покрај реката Каламбо пред 500.000 години.

Ознаките на трупците покажуваат дека тие биле сечени и изгребани со камени алатки пронајдени на локалитетот.

Кога првпат го видов, помислив дека не е можно. Дрвото и каменот сугерираат високо ниво на генијалност, технолошка вештина и планирање. Тоа би можел да биде дел од патека или дел од основа на платформа, на која дури би можеле да ставите мало засолниште и да спиете тука“, изјави Лери Бархам, археолог од Универзитетот во Ливерпул, кој го водеше истражувањето.

Научниците веруваат дека структурата е стара најмалку 476.000 години и била дело на хомо хајделбергенсис, претходник на модерните луѓе кои живееле во регионот.