Петтото издание на фестивалот на филм и музика Ѕирни ќе се одржува од 1 до 10 октомври во „Кафе и филм Котур“ и во Парк Форум во Скопје. Фестивалот добива натпреварувачки карактер, па кратките филмови од официјалната селекција ќе се борат за наградата „Данчо Чеврески“, што ќе ја додели жири составено од режисерите Марија Апчевска, Ивица Димитријевиќ, Саша Станишиќ.
Во конкуренција ќе бидат филмовите „Жена: 3 есенцијални прашања“ на Јана Луловска, „Страст по лутањето“ на Леона Јариќ, „Сценариото“ на Александра Кардалевска, „4891“ на Ивана Мирчевска, „Еден тон сладолед“ на Сандра Ѓорѓиева, „Кутии“ на Ангела Димеска, „Мавера“ на Батухан Ибрахим и „Так-Так“ на Јане Алтипармаков.
Во рамките на фестивалот ќе се прикажат и два документарни филма од регионот, „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Авантурите на карикатурата“, а ќе се одржи и проекција на „Тетовирање“.
Секоја вечер, на фестивалот ќе има и музичка програма.
Фото: Последната филмска улога на Чеврески беше во „Втора шанса“ од 2019 (Продукција „Втора шанса“)