Џејда Пинкет Смит откри во интервјуто за Ен-Би-Си дека таа и нејзиниот сопруг Вил Смит се разделени од 2016, но досега не биле подготвени јавно да го потврдат тоа. Иако и натаму живеат разделено, не планирале да се разведат.
Пинкет Смит кажа дека си ветила себеси дека никогаш нема да се разведе од Вил Смит.
„Мислам дека и двајцата сме заглавени во нашата фантазија за тоа како мислиме дека другата личност би требала да биде“, изјави Пинкет Смит во пресрет на излегувањето на нејзините мемоари.
Минатата година на Оскарите, Вил Смит излезе на сцената и му удри шамар на колегата Крис Рок зашто кажуваше шеги за Пинкет Смит, потсмевајќи се на нејзината ќелава глава. Актерката страда од алопеција, која доведува до паѓање на коса.
Џејда Пинкет Смит и Вил Смит се запознаа во 1994 и се венчаа три години подоцна. Шпекулации за нивниот брак се појавија во 2020, откако таа во едно интервју призна дека имала врска со уметникот Август Алсина.
(Фото: АП)