ТАНЧАРКИ ОД МАДРИД ГО ИЗИГРАА ТРАДИЦИОНАЛНОТО ФЛАМЕНКО НА ПРОСЛАВАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК НА ШПАНИЈА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Танчарките Росио Вилафранка и Лаура Алмендрос од студиото за танц „Хозе Мерино“ од Мадрид го изиграа традиционалниот шпански танц фламенко на прославата на националниот празник на Шпанија во Скопје.

„Хозе Мерино“ е познат шпански центар за танц кој обучува почетници и професионалци.

Директорот на центарот Хозе Мерино беше дел од Националниот балет на Шпанија повеќе од 10 години и работеше како уметник, кореограф и учител на меѓународно ниво. Обучуван е од мала возраст за фламенко, класичен балет и современи танци.

Фламенко е танц на движење и карактер, мешавина од многу култури и потекнува од Андалузија. Денес е еден од најзначајните елементи на шпанските музика и култура.