ПОЧИНА ГОА ГИЛ, ПИОНЕРОТ НА СВЕТСКАТА ПСАЈТРАНС СЦЕНА

Калифорнија, (Ролинг стоун)

Легендарниот американски диџеј и продуцент на психоделичен транс Гоа Гил почина на 72 години во Калифорнија по борба со рак. Во февруари, тој ги откажа сите настапи за оваа година откако почнал со лекувањето, а болеста повторно му се вратила во јуни во уште поагресивна форма, кажаа од неговото семејство.

Роден како Гилберт Ливи, Гоа Гил важи за еден од пионерите на псајтранс сцената и движењето. Во 1960-ите бил дел од контракултурата и хипи движењето на западниот брег на САД, а потоа се преселил во Амстердам и оттаму во Гоа (Индија), која беше своевиден хипи рај во 1980-ите. Таму промовираше стил на електронска музика кој стана основа на гоа транс движењето и потоа настапуваше низ цел свет, а особено беше препознатлив по своите 24-часовни сетови.

Гоа Гил цел живот практикуваше јога и психоделична култура и подоцна го зеде името Махант Манагалананд Пури.

Фото: Г. КОНЕВ