СКОПЈЕ СЕ ЛАДИ, ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА СО ТУРСКИОТ ДИЏЕЈ БУРАК ЈЕТЕР И ДОМАШНИ ДИЏЕИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Второто издание на фестивалот за електронска музика „Скопје се лади“ ќе се одржи на 5 септември од 18 часот на Стадионот на АРМ во Скопје, а главна ѕвезда ќе биде турскиот диџеј и продуцент Бурак Јетер.

Јетер е познат по хитовите „Вторник“ (Tuesday) и „Мојот живот продолжува“ (My Life Is Going On), и има настапувано низ целиот свет.  Во јуни во 2025 , Јетер стана првиот музичар што настапил во стратосферата, во рамките на проектот „Еден ден во вселената“ (One Day In Space). Настапот бил на околу 16,7 километри височина, со капсула подигната со стратосферски балон.

На фестивалот ќе настапат и македонските диџеи Бугиеман, Анастас, Марга Сол и Диџеј Аја.

Организаторите најавуваат повеќе од пет часа електронска музика, придружена со голема светлосна и сценска продукција. Билетите за фестивалот се во продажба преку мрежата на TicketX.