Новиот роман на писателот Томислав Османли, „Заборав“, е објавен во издание на „ВиГ Зеница“. Оттаму велат дека книгата говори за Алцхајмеровиот синдром во ова време на патолошки амнезии.
„Тоа е проза фокусирана на суштествените проблеми на современоста, од интимните до општествените аспекти на заборавот како битно својство на ова, и локално и универзално, сѐ подехуманизирано време. Тоа гледиште му овозможува на писателот, познат по длабоките книжевни нурнувања во проблемските аспекти на историјата и современоста, да изгради ново, жестоко видување на современото општество низ сплет од впечатливи приказни што се случуваат кај нас и низ светот“, вели издавачот.