Во вторник (21 ноември) од 19 часот, во големата сала на Домот на култура „Македонија“ во Гевгелија концерт ќе одржи Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, кој закажа и уште еден настап во Националната опера и балет на 14 декември.
Насловен „Фолклорно-класична симбиоза“, тоа е заеднички проект со оркестарот и хорот на Операта. Овој концерт со повеќе од 130 учесници на сцената првпат се одржа на 27 септември. Во симфониски аранжамни ќе се изведат „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“ и „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии.
Настапуваат оркестарот, хорот и играорците на „Танец“, заедно со оркестарот и хорот на НОБ. Оркестрациите ги направи Дарко Илиевски, а диригент е Бисера Чадловска.
(Фото: К. Попов)