Поранешниот модел Шила Кенеди го тужеше фронтменот на „Ганс ен роузис“, Аксл Роуз, за наводен сексуален напад. Според тужбата, популарниот рок музичар ја нападнал во хотелска соба во Њујорк во 1989 година. На Кенеди ѝ биле дијагностицирани анксиозност и депресија по наводниот напад.
Кенеди бара отштета од Роуз за страдање од емоционална вознемиреност и родово мотивирано насилство. Нејзините адвокати побараа судење.
Тужбата беше поднесена во Врховниот суд во Њујорк неколку дена пред истекот на законот кој им дозволува на жртвите на сексуални напади да ги тужат нивните наводни напаѓачи, без разлика кога истекол првичниот рок на застареност на делото.
Кенеди во својата жалба рекла дека била 26-годишен модел за списанието „Пентхаус“ кога го запознала Роуз во ноќен клуб во Њујорк во почетокот на 1989 година. Музичарот физички и сексуално ја нападнал во неговиот хотелски апартман неколку часа подоцна, тврди таа во тужбата.
Алан Гутман, адвокатот на Роуз, ги отфрли наводите на Кенеди.
(Фото: ЕПА)