РАЛФ МАЧИО СЕ ВРАЌА ВО „КАРАТЕ КИД“ ПО 35 ГОДИНИ, НОВИОТ ФИЛМ ИЗЛЕГУВА ВО 2024

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Филмскиот серијал „Карате кид“ ќе се врати следната година со нов, шести дел, чија продукција треба да почне наскоро, објави „Сони“.

Во главната улога повторно ќе биде Ралф Мачио, ѕвездата на првите три филма, додека Џеки Чен се враќа во улогата на мајсторот на боречките вештини Хан, што ја презеде од сега покојниот Пет Морита во 2010. Тие го најавија новиот филм преку видео на Јутјуб, објавувајќи дека е распишан кастинг преку кој ќе се бара следната млада ѕвезда на франшизата.

Следниот јуни ќе се одбележат 40 години од излегувањето на првиот „Карате кид“, во кој тогаш 22-годишниот Мачио глуми средношколец од Калифорнија кој учи да се бори за да може да се одбрани од група насилници. Мачио се појави и во следните два филма, додека во четвртиот дел главната улога ја имаше Хилари Свонк.

Франшизата доби одново на популарност со спиноф серијата „Кобра каи“, која имаше премиера во 2018.

Новиот „Карате кид“ треба да дојде во кината во декември 2024.