МЕТАЛ ВЕЧЕР ВО СКОПСКИОТ КЛУБ „МАРАКАНА“, НАСТАПУВААТ БЕНДОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА И ГРЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Треш и прогресивен метал ќе се обединат вечерва (25 ноември) на концерт во скопскиот клуб „Маракана“, на кој ќе настапат бендови од три држави.

Домашната сцена ќе ја претставува треш метал четворката „Конспираси“, која својот деби албум го сними во 2019 и потоа речиси целосно ја промени поставата. Неодамна го објави повратничкиот сингл „Гнев“.

Од српскиот град Ниш доаѓа прогресивниот метал бенд „Лавина“, основан во 2020, кој во регионални рамки го промовира својот прв албум.

Грчкиот бенд „Витин прогрес“ (Within Progress) исто така првпат ќе се претстави пред македонската публика. Потекнува од Солун и зад себе има еден албум со сложен прогресивен метал звук.

Концертот почнува во 20:30 часот, а влезниците чинат 300 денари.

(Фото: Домашната сцена ќе ја претставува треш метал бендот „Конспираси“)