МИШЕЛ ПАВЛОВСКИ ЌЕ ЈА ПРОМОВИРА КНИГАТА „ТРАУМА И ТЕАТАР: ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 29 ноември од 10 часот, во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од професорот Мишел Павловски.
Книгата „ Траума и театар: Горан Стефановски“ на Павловски се бави со три теми: културната траума, идентитетите и со театарот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски. Павловски не го анализира и не го обработува само драмскиот текст на Стефановски, туку драмите ги разгледува во нивата севкупност со театарската претстава. Стефановски, бардот на македонската култура е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години.
Павловски е редовен професор по културолошки студии на Институтот за македонска литература, а книгата ќе ја промовира заедно со Емил Ниами.
Фото: Википедија