БОЖИЌНА ПЕСНА СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ НА АМЕРИКАНСКАТА ТОП-ЛИСТА 65 ГОДИНИ ПО ОБЈАВУВАЊЕТО

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Бренда Ли имала само 13 години кога ја снимила божиќната песна „Rockin’ Around the Christmas Tree“, 65 години подоцна таа за првпат се искачи на првото место на топ-листата на Билборд. Тоа ја прави 78-годишната Ли еден од најстарите изведувачи кој се нашол на врвот на американската топ-листа.

Песната на Ли не поминала добро кога била издадена во 1958 година и највисоко стигнала до 64. место, за потоа да стане неизоставен дел од овој празничен период. Одново доби на популарност откако се појави во филмот „Сам дома“.

Среќна сум за сите кои овозможија ова да се случи, зашто во денешниот свет сѐ се одвива многу брзо и бесно“, изјави Ли.

Во чест на 65-годишнината на песната, Ли сними и нов спот.

.