КОНЦЕРТ СО КЛАСИЧНИ ДЕЛА ОД ПОЗНАТИ ФИЛМОВИ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (7 декември) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концерт насловен „Бесмртност“. Ќе се изведат дела од класичните композитори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток и Вагнер кои се користени и овековечени во филмови на браќата Коен, Скорсезе, Форман, Кјубрик, Аронофски и Копола.

Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски.

Николовски го заврши Факултетот за музичка уметност, дипломирајќи во 1992 на Одделот за диригирање (класа на проф. Фимчо Муратовски), а во 1993 година на Одделот за композиција (класа на проф. Властимир Николовски). Во 1995 и 1996 специјализирал диригирање во Санкт Петербург, на конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“. Сега живее во САД, каде што работи како диригент, педагог и композитор.

(Фото: Диригент ќе биде местро Вања Ѓумар Николовски)