„Вечера за девојки“ е само еден од многуте трендови на ТикТок кои станаа вирални оваа година.
Заедно со објавите за годишници, и мини-филмовите во стилот на Вес Андерсон, вечерата за девојки беше еден од најкористените и најдебатираните хаштази на апликацијата во 2023.
Овие видеа покажуваат претежно млади жени како ја снимаат својата вечера, која е составена од одбрана храна.
„Тоа е едноставно, забавно е, се чувствувате популарни и сити“, изјави Оливија Махер, која ја смисли фразата, за подкастот на Би-Би-Си. Оригиналното видео на Махер, објавено на ТикТок во мај, ја покажа нејзината вечера со само четири зрна грозје, неколку крекери и сирење.
Оттогаш, хаштагот #girldinner е користен над две милијарди пати на ТикТок.
Еден корисник дури создаде звук на ТикТок кој стана неофицијална песна на „вечера за девојки“ и според апликацијата, го користеле од повеќе од 430.000 луѓе во своите видеа на оваа тема.