ВО ФЕВРУАРИ ПОЧНУВА СНИМАЊЕТО НА ТРЕТАТА СЕЗОНА НА „БЕЛИОТ ЛОТУС“

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Следниот месец во Тајланд почнува снимањето на третата сезона на хит-серијата на Ејч-Би-О, „Белиот лотус“, а премиерата најверојатно ќе виде во 2025.

Стриминг-гигантот го објави и кастингот за новата сезона, во кој се: Лесли Биб, Дом Хетракул, Џејсон Ајсакс, Мишел Монаган, Паркер Поси и Тејми Таптимтонг.

Ќе игра и Наташа Ротвел, која доби номинација за Еми за улогата на Белинда во првата сезона.

Џејсон Ајсакс, Мишел Монаган и Паркер Поси се во кастот. (Фото: Гети)

 

За снимањето и продукцијата Ејч-Би-О ќе соработува со Управата за туризам на Тајланд.

„Почестени сме што неверојатниот Тајланд е одбран како локација за снимање на мошне очекуваната нова сезона на ‘Белиот лотос’. Егзотичната природна убавина на кралството, богатите историски локалитети и разновидните пејзажи се совршени локации за споделување на нашата фасцинантна култура, фантастична кујна, врвни спа и луксузни понуди, и што е најважно нашите луѓе и тајландското гостопримство. Тајланд долго време важи за една од омилените локации за снимање во светот“, изјави Тапане Киатфаибул од Управата.

Фото: Наташа Ротвел (АП)