Оскаровката Џоди Фостер изјави дека да се работи со генерацијата Зед може „навистина да нервира“. Во интервју за „Гардијан“, Фостер рече дека понекогаш ѝ биле тешки за разбирање ставовите кон работата со кои се соочила. Но, таа ја пофали 20-годишната Бела Ремзи, ѕвезда од генерацијата Зед, нарекувајќи ја пример за актер кој се појавува во нов „вектор на автентичност“.
Фостер, која и самата беше детска ѕвезда пред да продолжи со блескавата филмска кариера, рече дека се чувствувала должна да им помогне на младите актери да го најдат својот пат „бидејќи беше тешко да растеш“. Зборувајќи за генерацијата Зед – термин кој обично се користи за оние родени во доцните 1990-ти и раните 2000-ти – Фостер (61) се пошегува: „Тие навистина нервираат – особено на работното место“.
„Тие велат ‘Не, не ми е денот денес, ќедојдам во 10.30 часот’. Или во е-пошта, ќе им кажам дека сето ова е граматички неточно, не го проверивте ли вашиот правопис? И тие велат: ‘Зошто би го направил тоа, зарем тоа не е ограничувачко?’“
Зборувајќи за советите што би им ги дала на младите луѓе во индустријата, таа рече: „Тие треба да научат како да се релаксираат, како да не размислуваат толку многу за тоа, како да смислат нешто што е нивно. Можам да им помогнам да го откријат тоа, што е многу позабавно отколку да се биде, со сиот притисок зад тоа, главниот лик на приказната“.
Фостер ја пофали британската актерка Ремзи, потсетувајќи се како првпат ја запознала ѕвездата на „Последните од нас“ и „Игри на торновите“ на прославата на „Жени во Холивуд“ на магазинот „Ел“. Фостер го опиша како „прекрасен настан“, но истакна дека сите присутни „носеа штикли и трепки“.
„Постојат и други начини да се биде жена, и навистина е важно луѓето да го видат тоа. А Бела, која го одржа најдобриот говор, беше облечена во најсовршениот костум, убаво скроен, костата фатена со патец на средина и без шминка“, рече таа.
Фостер додаде дека кога била млада не можела да се облекува како Ремзи во костум и без шминка на шоубиз настан.
„Затоа што не бевме слободни. Затоа што немавме слобода. И се надеваме дека тоа е она што го нуди векторот на автентичност што се случува – можноста за вистинска слобода“, додаде таа.
Фостер, која е кандидатка за уште една номинација за Оскар за улогата во „Нијад“, зборуваше и за нејзините два сина и нивниот однос кон жените. Таа објасни дека додека сега се „супер феминисти“, а во една фаза нејзиниот постар син верувал дека треба да им биде непријатен на жените за да биде момче.
„А јас му реков, не! Тоа не е она што треба да се биде маж! Тоа е она за што нашата култура ви го продава сето ова време”.
Фото: Фостер ја пофали 20-годината актерка Бела Ремзи како пример за актер кој се појавува во нов „вектор на автентичност“. (Фото: М. Анцуони)