Од подземни дрвја до спектакуларни орхидеи, научниците од британските Кралски ботанички градини (Кју) минатата година открија нови 74 растенија и 15 габи. Повеќето од нив се пронајдени на необични места, како врвот на вулкан и антарктички карпи.
„Новите видови бараат моментална заштита, а најмалку еден од нив веројатно е веќе исчезнат“, велат од Кју.
Уникатна палма чиј цвет и плод се речиси исклучиво под земја е откриена на Борнео, а два вида подземни дрвја се пронајдени во длабоките песоци на пустината Калахари на висорамнините во Ангола, каде што теренот со слободно одводнување довел до тоа голем број видови да еволуираат за живот најмалку 90% под земја. Само мали делови од овие дрвја, како цвеќиња, се видливи на површината.
Други нови видови вклучуваат орхидеја пронајдена на врвот на изгаснат вулкан во Индонезија, габи од неплодните терени на Антарктик и габи пронајдени во отпад од храна во Јужна Кореја. Најмистериозниот нов вид е растение од Мозамбик, кое се чини дека е месојадно.
На светот има 400.000 именувани растителни видови, но научниците проценуваат дека уште 100.000 треба да бидат именувани. Секоја година, тие даваат име на околу 2.500 нови растителни видови и исто толку видови габи.
(Фото: Орхидеја пронајдена на врвот на изгаснатиот вулкан Нок во Индонезија)