Утре (26 јануaри) во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“, едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
Настапуваат солистите Сандра Митровска во улогата на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска како Лола и Марика Поповиќ како Лучија, во придружба на хорот и оркестарот на НОБ.
Ќе диригира гостинката од Украина Оксана Мадараш, а режисер е Џандоменико Вакари од Италија.
Либретото на „Кавалерија рустикана“ раскажува приказна за љубовен триаголник, традиција која се испречува помеѓу страста и љубовта и за омраза и одмазда, велат од Операта.