Новиот календар на Скопскиот џез фестивал ќе биде промовиран на 19 јануари во „Макка бар“ во Скопје, а настанот ќе се одржи од 13 часот.
Промоцијата е замислена како џез матине и ќе биде придружена со настап на триото на гитаристот Тони Китановски, во кој членуваат и Виктор Филиповски (тапани) и Гоце Трпков (диџеј).
Календарот содржи фотографии од настапите од ланското 42. издание на СЏФ, дело на словенечкиот фотограф Жига Коритник.
(Фото: СЏФ)