„Лео експрес“, чешкиот оператор за јавен превоз, планира да воведе нова железничка услуга која ќе опфати голем дел од Европа, од Белгија до Словачка, со голем број застанувања попат.
Компанијата ги поднесе своите планови во белгиското регулаторно тело за железнички сообраќај, во кои се наведени деталите за секојдневна 19-часовна линија од Остенде до Братислава, која ќе се одвива во двете насоки.
Возот би тргнувал во шест часот, при што би застанувал во Бриж, Брисел и Лиеж, пред да премине од Белгија во Германија, а оттаму во Чешка и Словачка. Предвидено е возот да биде во Братислава во еден-два часот следната ноќ и севкупно би имал речиси 50 застанувања, што ги вклучува Келн, Хановер, Лајпциг, Дрезден и Прага.
Ако линијата Остенде-Братислава добие одобрение од белгиските власти, таа би тргнала кон крајот на 2024 или во почетокот на 2025 година.
(Фото: Гети)