Роберт де Ниро вели дека се гледа себеси во своето најмладо дете Џија. Осумдесетгодишната холивудска легенда објави фотографии на кои ја покажува својата приврзаност со десетмесечната ќерка, која ја доби во врската со 45-годишната инструкторка по боречки вештини Тифани Чен.
„Кога гледам мои слики кога бев младо момче, гледам многу сличности помеѓу мене и ќерка ми. Таа исто така ме потсетува на 12-годишната ќерка Хелен“, изјави Де Ниро за „Пипл“.
Џија е седмото дете на Де Ниро, од кои највозрасните имаат 56 и 47 години. Тој исто така има четворица внуци.
„Џија е неодоливо и преслатко бебе. Сите деца се воодушевени од неа, па и внуците. Таа им е тетка, иако наскоро ќе бидат тинејџери“, кажа Де Ниро.