ФЕСТИВАЛОТ „ПОТОЧИЊА“ ПО 23. ПАТ ГИ РАСПЕА ДЕЦАТА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изминатиот викенд (18 и 19 април) во Националната опера и балет се одржа 23. издание на детскиот фестивал „Поточиња“, кое помина во знакот на одлична посетеност и шест распродадени претстави.

Публиката се забавуваше со 17-те нови песни, збогатени со анимирани видеа и модерна сценска ЛЕД техника, Дополнителна забава донесе ликот Поки, односно актерот Мартин Јорданоски, кој интерактивно ја анимираше публиката.

Фестивалот понуди содржини инспирирани од детскиот свет, а заврши со пораката „Ве сакаме!“. Новите песни веќе се достапни на Јутјуб каналот на „Поточиња“.