Спајк Ли и Дензел Вашингтон ќе соработуваат по петти пат, овојпат на римејкот на „High And Low“, криминалистичката драма на Акира Куросава од 1963 година. Снимањето ќе почне следниот месец.
Во класикот на Куросава, Тоширо Мифуне глуми богаташ кој пропаѓа откако го платил откупот за киднапирање. Во 2008 беше објавено дека Мартин Скорсезе ќе снима римејк на овој филм, но тоа никогаш не се реализираше.
Ли често го истакнува легендарниот јапонски филмаџија како една од неговите најголеми уметнички и животни инспирации.
Римејкот на Ли ќе игра во кината пред да дојде на стриминг платформата „Епл+“. Тоа ќе биде неговиот прв филм од од 2020 и прва соработка со Вашингтон од „Инсајдер“ од 2006.
(Фото: Гети)