ФРОНТМЕНОТ НА СЛОВЕНЕЧКАТА ПАНК-РОК ГРУПА „ПАНКРТИ“, ПЕРО ЛОВШИН НА 22 И 23 ФЕВРУАРИ ГОСТИН НА КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотеката ќе се прикаже долгометражниот музички документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“, кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Ловшин. Тој како фронтмен на „Панкрти“ со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија.

Настанот е во организација на Словенечки центар во Скопје и Кинотеката, а по повод Прешернов ден.

Режијата на филмот е на Јани Север, кој е и автор на сценариото, заедно со Стојан Пелко.  Филмот ги опфаќа периодот на анархизмот и бунтовноста на 1970-тите години, независноста на Словенија, демонстрациите во центарот на Љубљана, сѐ до учеството на Словенија на Европското фудбалско првенство во 2000.