ТАЈНАТА НА ДОЛГИОТ БРАК НА ЏО И ЏИЛ БАЈДЕН Е ДОБАР СЕКС, СТОИ ВО НОВА КНИГА ЗА ПРВАТА ДАМА НА САД

Вашингтон, (Ројтерс)

Џо Бајден на шега им рекол на своите соработници дека клучот на долг и среќен брак е добар секс, стои во нова книга за првата дама Џил Бајден која фрла светлина врз нивниот 47-годишен брак.

„Американска жена – Трансформацијата на современата прва дама, од Хилари Клинтон до Џил Бајден“ е напишана од дописничката на „Њујорк тајмс“ од Белата куќа, Кејти Роџерс и излегува оваа недела. Делот за сексот зазема само неколку пасуси во книгата со 276 страници, но веќе привлекува голем интерес на интернет.

Роџерс напиша дека Бајден немал желба да се кандидира за претседател во 2004.

„Повеќе би сакал да сум дома и да водам љубов со мојата сопруга додека децата спијат“, ѝ рекол Бајден на група приврзаници таа година.

Неговиот портпарол реагирал на оваа изјава дека Бајден е искрено и потполно вљубен во својата сопруга.

Првата сопруга на Бајден, Нилија, загина во сообраќајна несреќа во 1972 заедно со нивната ќерка Наоми. Со Џил Бајден се венчаше во 1977 откако претходно таа петпати го одбила.

(Фото: Гети)