Моника Левински, активистката која беше во центарот на еден од најголемите скандали во САД во 1990-тите, стана заштитно лице на модниот бренд „Реформејшн“. Педесетгодишната Левински ќе ја предводи најновата кампања на оваа модна куќа насловена „Вие ја имате моќта“, преку која Американците се потсетуваат дека треба да гласаат на изборите.
„Гласањето е начин вашиот глас да биде слушнат и тоа е најдефинирачкиот аспект на демократијата. За да не се жалите во следните четири години, мора да излезете и да гласате“, вели Левински.
Таа имаше само 22 години кога откри дека имала љубовна афера со тогашниот претседател Бил Клинтон. Веста за нивната врска доминираше во американските медиуми во 1998 и 1999, кога Клинтон прво негираше, па призна дека имал „недоличен интимен физички контакт“ со тогашната приправничка во Белата куќа.
Левински повторно се појави во јавноста во 2014, кога почна да збори против онлајн малтретирањето, опишувајќи се себеси како „нулти пациент“.
(Фото: Гети)