Изложбата „Мала изложба за мечтаење“ на македонскиот уметник Дарко Алексовски ќе се отвори денеска (1 март) во 19 часот во поп-ап галеријата „Гаража Камба“ во Загреб. Кураторка на изложбата е Сара Микелиќ.
Изложбата е поделена на три меѓусебно поврзани сегменти: дванаесетте претходни изданија на „Мал прирачник за мечтаење“, ново издание реализирано во соработка со Стела Микулин и Жељко Бељан и дела создадени на работилница за фанзини, која се одржа деновиве.
„Мал прирачник за мечтаење“ е серија самостојно издадени фанзини на Алексовски, преку кои тој истражува еден постојано променлив светоглед и мечтае за одредени места, предмети и ситуации, каде што имагинацијата се испреплетува со нашите сеќавања.