ТИКТОК СЕНЗАЦИЈАТА РАЈЕ СОБОРИ РЕКОРД ПОБЕДУВАЈЌИ ВО ШЕСТ КАТЕГОРИИ НА БРИТАНСКИТЕ МУЗИЧКИ НАГРАДИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Кантавторката Раје собори рекорд на Британските музички награди (Brit Awards) откако слевеше во шест од седумте номинирани категории. Досегашниот рекорд го држеа Адел, „Блур“ и Хари Стајлс, кои имаа освоено по четири награди на едно доделување.

Раје исто така е првата жена која е прогласена за текстописец на годината, додека Кајли Миног ја прими наградата за глобална икона.

Примајќи ги наградите боса, 26-годишната Раје изјави:

Уметницата која бев пред три години ја немаше контролата. Јас сум мојот шеф сега“.

Таа со години беше одбивана од својата издавачка куќа, а откако конечно се избори за раскинување на договорот, почна сама да си ги објавува песните. „Escapism“, која беше прогласена за песна на годината, прво беше хит на ТикТок, пред да стане број еден на британската топ-листа. Кога по шести пат беше прогласена за победничка, за албум на годината, Раје излезе со баба ѝ на сцената (фото).

Колку за споредба, Дејвид Боуви има освоено шест Брит награди во целата кариера, а Џорџ Мајкл три.

(Фото: Гети)