КВЕНТИН ТАРАНТИНО И КАЈЛИ МИНОГ ЗАЕДНО СНИМААТ ФИЛМ

Лондон, (НМЕ)

Квентин Тарантино и Кајли Миног ќе глумат во нов филм заедно, објави „Вараети“. Станува збор за драмата „Tangled Up in Blue“, во режија на Британецот Џејми Адамс.

Деталите за дејството не се познати, но Тарантино и Миног се видени на снимање во велшкиот град Порткол. Во филмот глумат и Софија Бутела и Џејсон Ајзакс, кој играше во третата сезона на „Белиот лотус“.

Тарантино веќе соработуваше со Адамс, на филмот „Only What We Carry“, кој имаше премиера на неодамнешниот фестивал Трајбека во Њујорк. Ова се неговите ретки ангажмани како актер, додека се чека неговото десетто режисерско дело, за кое кажа дека ќе му биде последно.

(Фото: Гети)