„ЛОШИТЕ“ НАВИКИ ВО ИСХРАНАТА МОЖАТ ДА БИДАТ ДОБРИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО, ВЕЛАТ КАРДИОЛОЗИТЕ

САД, (Си-Ен-Ен)

Нови научни истражувања велат дека иако генетиката може да игра улога во ризикот од срцеви заболувања, нашите секојдневни избори и навики исто така имаат значително влијание.

„Долгорочните студии продолжуваат да покажуваат дека постои врска помеѓу начинот на живот и срцевите заболувања. Факторите како што се возраста, здравствената состојба и начинот на живот се клучни за подобрување или одржување на доброто здравје на срцето“, вели кардиологот Надим Гело.

Постојат работи кои можат да ја зголемат веројатноста за срцеви заболувања, како висок крвен притисок, неактивен живот и пушење. Но, некои „лоши“ навики можат да бидат добри за срцето. Кардиолозите издвоија некои од нив кои треба да ги практикуваме.

„Јаглехидратите се наоѓаат во некои од најздравите намирници, како интегрални житарки, овошје, зеленчук, грав и леќа. Овие намирници се исто така богати извори на диетални влакна, антиоксиданси, витамини и минерали. Исхрана богата со овие влакнести намирници може да доведе до подобрување на здравјето на срцето“, вели нутриционистката Роксана Ехсани.

Природните извори на шеќер се наоѓаат во храната како овошје, некои зеленчуци и млечни производи.

„Овошјето е една од нашите најздрави намирници, богато е со витамини, минерали, антиоксиданси и растителни влакна и никогаш не треба да се исклучува од исхраната. Многу истражувања ги покажуваат придобивките од јадењето овошје: подобро расположение, подобрување на работата на цревата и здравјето на срцето“. додава Ехсани.

За да ги искористиме придобивките, треба да се обидеме да јадеме приближно 300-350 грама овошје дневно.

„Многумина промовираат растителна исхрана која може да биде сосема здрава, но треба да се јадат природни протеини, како месото“, вели кардиологот Дејвид Дејвидсон.

Тој верува дека здраво за срцето е и јадењето риба и морски плодови, како и протеини од растително потекло.