Во центарот на Сиетл е изградена станбената зграда „Скајглас“ (Skyglass) со 33 спрата, која има форма на куп списанија.
Кулата е висока 102 метра, се наоѓа источно од „Спејс нидл“ (Space Needle) и содржи апартмани и продавници на долните катови.
Застаклената кула има четири фасади на аголни рамнини, што се издига од правоаголна основа обложена со тули. Зад дизајнот стои студиото „Хјуит“ и архитектите Џулија Нагил и Шон Лудвиксен.
„Сите катови се идентични. Ова не е хармоника. Тие само се поместуваат по дијагонална траекторија, така што ништо не се менува, освен нејзината позиција во однос на столбовите“, рече Нагил.
(Фото: Дезин)