ЌЕ СЕ СНИМА ПЕТТИ ДЕЛ НА „МАТРИКС“

Лос Анџелес, (Вараети)

Ворнер брос“ објави дека ќе се снима нов, петти дел на „Матрикс“, чиј сценарист и режисер ќе биде Дру Годард.

Засега нема информации дали ќе глумат Кијану Ривс, Кери-Ен Мос, Лоренс Фишбурн, Хуго Вивинг или Џејда Пинкет-Смит. Тоа ќе биде првиот филм од сајберпанк серијалот во кој нема директно да бидат вклучени неговите креатори Лана и Лили Вашовски.

Годард, кој беше номиниран за Оскар за најдобро адаптирано сценарио за „Марсовец“ во 2016, има големо искуство во научно-фантастичниот жанр и токму тој му предложил на „Ворнер брос“ да се снима нов „Матрикс“, откако претходниот филм од 2021 заработи скромни 159 милиони долари на светско ниво и доби слаби критики.