БЕНДОВИ ОД МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ЌЕ НАСТАПАТ НА ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА МЕТАЛ ФЕСТИВАЛОТ „KILLED BY DEATH“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Првото издание на метал фестивалот „Килд бај дет“ (Killed by Death) во Скопје ќе се одржи на 13 април во клубот „Станица 26“. Најавени се четири учесници, од кои три домашни и еден од Хрватска.

Македонската метал сцена ќе ја претставуваат „Гаргојлс“, „Стагнатор“ и „Ренд“, додека од Хрватска доаѓа „Лефт ту старв“ (Left to Starve), слаџ бенд од Карловац кој ќе биде на минитурнеја низ Балканот.

Влезниците се по цена од 400 денари.

Фото: Од Хрватска доаѓа слаџ бендот „Лефт ту старв“