Фестивалот Егзит објави дека следната година повторно ќе се одржи во Нови Сад по една година оауза, во периодот од 1 до 4 јули. Првиот ден ќе им биде посветен на студентите, за кои влезот ќе биде слободен.
Организаторите кажаа дека настанот планиран за следната година ќе биде подготовка за целосното враќање на Егзит во 2028.
Годинашниот Егзит беше откажан поради политичката ситуација во Србија, откако, како што кажаа организаторите, биле изложени на финансиски и други притисоци поради поддршката за студентското движење, кое ги предводеше протестите против Александар Вучиќ.
(Фото: Шатерсток)