Ѕвездите на „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) се обединија на филмскиот фестивал „TCM Classic Film“ во Лос Анџелес, каде што беа одбележани 30 години од неговото излегување.
На специјалната проекција на филмот се појавија главните актери Џон Траволта, Семјуел Л. Џексон, Харви Кајтел и Ума Турман, како и Розана Аркет, Фил Ламар, Ерик Столц и Френк Вејли.
„Евтини приказни“ беше номиниран за седум оскари во 1995, при што Квентин Тарантино и Роџер Ејвери беа наградени за најдобро сценарио.