Мери Џеј Блајџ, Шер, „Фореинер“, „Трајб колд квест“, „Кул енд д генг“ и Ози Озборн се новите членови на Рокенрол куќата на славните, а во оваа класа влегоа и „Дејв Метјуз бенд“ и гитаристот и пејач Питер Фремптон. Официјалниот прием на новите членови ќе се одржи на 19 октомври во Кливленд.
Меѓу номинираните оваа година беа и Лени Кравиц, Мараја Кери, Шинед О‘Конор и „Оејзис“.
Озборн вторпат влегува во Куќата на славните, откако претходно беше вклучен и како дел од „Блек сабат“.
Шер, единствениот музичар кој имаше број еден хит во изминатите шест децении, и деветкратната добитничка на Греми Мери Џеј Блајџ ќе придонесат да се зголеми бројот на жени во ова елитно друштво, за што критичарите велат дека е многу мал.
(Фото: Гети)