Единаесет необјавени песни што Џони Кеш ги снимил како демо верзии во 1993, но никогаш не ги довршил конечно ќе излезат во јавност. Тие ќе се најдат на албумот „Songwriter“, што ќе биде објавен на 28 јуни, а беше најавен со синглот „Well Alright“.
Музичари кои претходно имаат свирено со Кеш ги имаат довршено и снимено песните, на што е додаден вокалот на Кеш од демо верзиите. На албумот гостуваат кантри пејачот Винс Гил и рок групата „Блек киз“. Еден од продуцентите на проектот беше синот на Кеш, Џон Картер.
Кеш, кој почина во 2003, ги направил овие демо верзии кога бил меѓу договори за снимање, а пред да ги доврши за албум, го запознал продуцентот Рик Рубин и се вклучил во проектот „American Recordings“