Изложбата „Кимоно инспирации“ на реномираниот костимограф и режисер Благој Мицевски на 10 мај ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје. Свеченото отворање е во 19:30 часот, а изложбата ќе трае до 14 мај.
Изложбата, која претходно беше поставена во Битола, содржи костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно дизајнирани за претстави на Народниот театар во Битола, но и кимона кои се направени за изложбата.
Изложбата е поддржана од Јапонската амбасада, а е во организација на „Пагода“.
„’Кимоно инспирации’ претставува одличен приказ за тоа како јапонската култура директно ја инспирира креативноста на македонските уметници и творци“, велат организаторите.