„СИМБИОЗ“ Е НОВИОТ ХИБРИДЕН СЕМЕЕН ЏИП НА „РЕНО“

Париз, (Автокар)

„Рено“ го претстави својот нов хибриден џип наречен „симбиоз“. Станува збор за семеен џип со средни димензии, кој за главен конкурент го има „нисан кашкаи“.

Од „Рено“ велат дека „симбиоз“ го оживува духот на „рено 16“ од 1960-тите и „еспејс“ од 1980-тите, фокусирајќи се на практичноста. Дизајниран е да ја пополни празнината меѓу компактниот СУВ „каптур“ и поголемиот „острал“ во понудата на бензинските и хибридните модели на оваа француска компанија.

„Целта ни беше да дизајнираме автомобил кој би бил многу добар одговор за многу семејства“, изјави Пола Фабрега, шефицата на дизајнот на мали автомобили во „Рено“.

За погон ќе бидат задолжени 1,6-литарски четирицилиндричен бензински мотор и два електрични мотора.