САШКО КЕДЕВ ГО ИСКАЧИ ЧЕТВРТИОТ НАЈВИСОК ВРВ НА СВЕТОТ ЛОЦЕ, МУ ОСТАНУВААТ УШТЕ ЧЕТИРИ ОД НАД 8.000 МЕТРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кардиологот и пасиониран планинар Сашко Кедев го искачи четвртиот највисок врв на светот Лоце, кој се наоѓа на границата на Тибет и Непал.

Висок 8.516 метри, Лотсе е вториот врв од групата 8.000 метри што Кедев го совлада оваа сезона. На 5 мај, тој го искачи и врвот Макалу (8.463 метри) заедно со уште тројца планинари и четворица шерпаски водичи.

Од 14-те врвови во светот повисоки од 8.000 метри, Кедев досега ги има искачено десет, вклучувајќи ги Монт Еверест и К2. За да го заокружи подвигот му остануваат уште Кангченѕунга (8.586 метри), Гашербрум 1 (8.068), Гашербрум 2 (8.035) и Шишапангма (8.013).