ЗАБАВЕН НАСТАН СО БИБИ И БОБИ, ПЕЈАЧИ И АКТЕРИ ПРОТИВ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО УТРЕ ВО СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (18 мај) од 11 часот, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи настанот „Со позитивна енергија против врсничкото насилство“. Настанот е во рамките на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ на „Макпетрол“ и ќе се одржи на зеленилото спроти стадионот.

Диџеј Боно, Сашко Коцев, Биби и Боби, Влатко Лозановски-Лозано, Пајак и Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости ќе бидат дел од програмата.

На „Крени глас против врсничкото насилство“ досега се приклучија 24 општини. За сите се обезбедени едукативни материјали и работилници со психолог со долгогодишно искуство со проблемот со булингот. Десетици училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие образовни средби, а во други се во тек. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбернасилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат на овие едукативни средби.