ЛОЗАНО, „2БОНА“ И ТОНИ ЗЕН НА С.О.С. ФЕСТИВАЛОТ ВО БИТОЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 8 август, на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи музичкиот С.О.С. фестивал, во рамките на Бит фест 2026.

Настапуваат „2Бона“, Тони Зен со својот бенд во живо и Влатко Лозаноски-Лозано, со своите најголеми хитови. Фестивалот е во организација на  „Фреш Унион“.

„Настанот е замислен како промоција на квалитетната домашна музика и поддршка на македонската сцена, без кич и турбо-фолк. Драго ни е што ќе настапат едни од најпуларните домашни музичари“, велат организаторите.

Влезниците се во продажба по промотивна цена од 790 денари и можат да се набават онлајн преку платформата www.wayin.mk