СОЛИСТИ И АНСАМБЛИ ЌЕ СВИРАТ ВО СКОПЈЕ ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХАРМОНИКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Светскиот ден на хармониката ќе се одбележи денеска (20 мај) и во Скопје со гала концерт во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.

Во организација на здружението „Љубители на класична музика“, кое е членка на Светската унија на хармоникашите, на концертот ќе настапат реномирани домашни музичари и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје од класата на професорката Зорица Каракутовска. Покрај солистичките изведби, ќе настапат и хармоникашки камерни ансамби и камерни ансамбли составени од хармоника и други инструменти. На програмата се дела од Семјонов, Зубицки, Штраус, Пјацола, Бете Илин и други.

Светската унија на хармоникашите во 2009 го прогласи 6 мај за Светски ден на хармониката, бидејќи на овој датум во 1829 е патентирана првата хармоника.