Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб утре (23 мај) ќе се отвори самостојна изложба на уметникот Синиша Новески насловена „Мистерија и индивидуализам“. Ќе бидат претставени 12 скулптури, а на официјалното отворање ќе се обратат Милаим Фетаи – вонреден амбасадор на Македонија во Хрватска, Наталија Поповска – директорка на КИЦ Загреб, Дита Старова-Ќерими – директорка на Националната галерија и Маја Крстевска – виш кустос во Националната галерија.
Изложбата ќе биде отворена до 30 мај.
Синиша Новески (1978) е скулптор и педагог кој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2002 како најдобар студент во класата по вајарство на професорот Васил Василев, Има реализирано 21 самостојна изложба и учествувал на десетици групни изложби, ликовни колонии и симпозиуми. Живее и работи како самостоен уметник во Македонија.