КОНСТРАКТА ЌЕ ПЕЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА БИТ-ФЕСТ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Познатата српска кантавторка и претставничка на Евровизија, Констракта ќе настапи на стадионот „Петар Милошевски“ на 3 јули во Битола како дел од музичкиот спектакл „Старс симфони“ за отворањето на Бит-фест.

„Според моите сознанија, концерт на стадион во Битола немало никогаш. Наша цел е да ги поместиме границите за организирање настани во нашиот град и да покажеме дека Битола може да биде домаќин на спекатакуларни случувања на светско ниво. Составот на музичарите кои ќе настапат е рановиден, ќе имаме чест да ги гледаме и слушнеме Констракта, Каролина, ‘Суперхикс’ кои за месец дена слават 30 години постоење, ‘Паркети’ и други. Секој од нив ќе донесе уникатна енергија и музика”, рече Владимир Димовски, диригент на Камерниот оркестар од Битола кој заедно со Општината го организира големиот настан.

Градоначалникот Тони Коњановски рече дека подготовките за 16. издание на Битолското културно лето се во тек и ќе се стави акцент на квалитетната програма.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

Фото: Кропикс