ПРОМОЦИИ НА ДЕБИ АЛБУМИТЕ НА „КАРЛА ЛЕВИНСКИ“ И АНАСТАСИЈА КОЧЕВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Независниот издавач „Шарла рекордс“ вечерва (7 јуни) во скопското кафуле „Ла Кања“ (20 часот) ќе го промовира своето 100. издание – истоимениот албум на бендот „Карла Левински“. Се работи за најновиот музички проект на ветеранот Сеад Хаџиќ-Сецко.

Албумот е снимен во домашното студио на Хаџиќ, а миксот и продукцијата се на Горан Трајкоски. Како соработници на овој материјал се јавуваат Огнен Мангаровски (гитара и сајзери), Андреј Коларовски (бас гитара) и Ратко Даутовски (перкусии).

Утре во „Ла Кања“ ќе има уште една слушачка промоција. Во издание на „Стотројка“ излегува дебитантскиот албум на Анастасија Кочева, насловен „Тар“, кој содржи четири композиции. Кочева е класично школувана пијанистка од Скопје, која сними албум со атмосферична електронска музика.