СРПСКИОТ ФОЛК ПАНК БЕНД „БРКОВИ“ ЌЕ ПРОСЛАВИ 20 ГОДИНИ РАБОТА СО ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Популарниот српски фолк панк бенд „Бркови“ ќе прослави 20 години работа со голем концерт на отворено во Скопје. Концертот во организација на „Пасворд“ ќе се одржи на 31 август на стадионот на АРМ во Градски парк.

Познати по енергични настапи во живо, „Бркови“ го опишуваат својот музички израз како „панк фолк велнес“, кој претставува мешавина на народна музика со други жанрови, како панк, рок и реге. За период од две децении имаат објавено осум албуми.

Почетната цена на билети е 700 денари.

(Фото: Фејсбук)