РАПЕРИТЕ ЈАНГ ДАДИ, МАТЕЈ ФОЛЦ И ЗИ БОМБ ЈА ПРОМОВИРАА НОВАТА ПЕСНА „МЕСТО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младите рапери Јанг Дади, Матеј Фолц и Зи Бомб ја промовираа новата заедничка песна „Место“ во „Лабораториум“ во Скопје. „Место“ е продолжение на иницијативата #НаправиМесто на Македонски Телеком и се надоврзува на нејзината главна идеја, но низ една нова, свежа и креативна перспектива.

Во текстот се користат сегменти од делата на Горан Стефановски како инспирација да се создаде нов наратив.

Нашата генерација живее со истите проблеми како и претходните генерации. Сакавме да направиме позитивна промена и место за позитивна мисла, затоа што има многу повеќе нешта кои нѐ спојуваат отколку што нѐ разделуваат. Затоа ја направивме Место“, вели Јанг Дади, еден од авторите на песната.

Во иницијативата #НаправиМесто, со која Македонски Телеком отвори дискусија за отвореност, разбирање и вистинско поврзување, досега беа вклучени повеќе познати личности, инфлуенсери, музичари, спортисти… Тие ги споделуваа своите приказни за предизвиците со кои се соочиле, повикуваа на единство и охрабруваа заедно да се бориме против предрасудите.