Папата Фрањо се сретна со повеќе од 100 комичари од целиот свет, вклучувајќи ги Вупи Голдберг, Крис Рок и Џими Фалон. На приемот во Ватикан, папата кажа дека комичарите имаат моќ да шират спокојство и насмевки во светот во кој луѓето се соочуваат со многу општествени и лични итни ситуации.
„Вие ги обединувате луѓето зашто смеењето е заразно“, додаде тој.
Папата прими 107 комичари од 15 држави, пред да учествува на самитот на Г7 во Пуља.
„Вие можете да се шегувате и за Господ. Тоа не е богохулие, но тоа треба да се прави така што нема да се навредат ничии верски чувства“, рече Фрањо.
(Фото: Гети)